Home Спорт Феноменот Федерер се уште владее – лесно до полуфинале

Феноменот Федерер се уште владее – лесно до полуфинале

Феноменот Федерер продолжува да владее во светот на тенисот иако е длабоко во четвртата деценија од животот. Швајцарецот денес се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако без поголми проблеми го совлада Томаш Бердих со 7:6, 6:3 и 6:4.

Чешкиот тенисер одлично го започна мечот и поведе со 5:2, но Федерер успеа да се врати и го одведе сетот во тај-брејк, кој го доби убдливо со 7:1.

Во следните два сета Швајцарецот рутински го надигра Бердих и се пласираше во полуфиналето каде ќе ги одмери силите со корејската сензација, Чанг. Во второто полуфинале ќе се сретнат Марин Чилиќ од Хрватска и Кајл Едмунд од Велика Британија.

Иако длабоко во четвртата деценија Федерер и понатаму домонира во светскиот тенис и е само на два чекори од освојување на рекордниот 20-ти Грен слем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…