Home Спорт Феникс ќе бира прв на драфтот: Кокошков и Дончиќ повторно заедно!?

Феникс ќе бира прв на драфтот: Кокошков и Дончиќ повторно заедно!?

Феникс Санс ќе го избира првиот пик на овогодишниот НБА драфт и тоа за прв пат во својата историја.

Игор Кокошков од неодамна седна на клупата на франшизата од Аризона, која што на лотаријата што ја спроведува НБА лигата, го доби правото да бира прва на следниот драфт.

Тоа ќе му овозможу на Кокошков да го одбере Лука Дончиќ, талентираниот Словенец со кого го освои Европското првенство. Другиот главен фаворит за прв пик е ДеАндре Ајтон.

Втор ќе бира Сакраменто Кингс, а потоа следуваат Атланта Хокс, Мемфис Гризлис, Далас Мавеикс, Орландо Меџик, Чикаго Булс, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс и Филаделфија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…