Home Шоубизнис FEEL THE NEED: Том Круз го најави снимањето на „Top Gun 2“

FEEL THE NEED: Том Круз го најави снимањето на „Top Gun 2“

Холивудската актерска ѕвезда Том Круз (55) преку Твитер го најави снимањето на второто продолжение од акциониот филм „Top Gun“, кое најверојатно е веќе почнато.

Круз на Твитер објави фотографија на која позира во пилотска униформа со пилотски шлем во рака и борбен авион во позадина. Во објаснувањето на фотографијата стои хаштагот #Day1, а тука е натписот Feel The Need.

Претходно беше соопштено дека продолжението на Top Gun ќе се снима со официјален наслов „Top Gun: Maverick“. Снимањето требаше да почне на почетокот од ова лето, но очигледно продукцијата го започнала процесот нешто порано.

Засега има многу малку детали поврзани со филмскиот хит во најава, но режисерот Џозеф Косински открива по нешто. Приказната ќе ги раскажува доживувањата од времето кое Пит Маверик Мичел го поминал во модерната војска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …