Фантастичниот погодок кој на фудбалерот со ампутирана нога му ја донесе престижната награда „Ференц Пушкаш“ за најубав гол


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот фудбалер со ампутирана нога Марчин Олекси синоќа беше една од главните ѕвезди на манифестацијата The Best на која ФИФА додели неколку награди за најуспешните фудбалери во изминатата година.

Марчин Олекси ја освои престижната награда „Ференц Пушкаш“ за најубав гол минатата година. Во конкуренција со него беа уште и прекрасните погодоци на Бразилецот Ришарлисон на Светско првенство и на Дмитри Паје во Лига на Конференции за Олимпик Марсеј.

На крајот заслужено победи малку познатиот Полјак Марчин Олекси кому му е ампутирана едната нога и игра фудбал за инвалидизирани лица.

Голот кој официјално е најубав за 2022-ра Марчин Олекси го постигнал за неговиот тим Варта од Познањ. На 7 ноември минатата година Варта со 4:0 го победила Стал.

Марчин во април ќе полни 36 години. Неговиот живот се сменил во ноември 2010-та односно кога имал 23. Бил голман, бранел во четврта полска лига, а често добивал награди за добри одбрани на разни турнири. Но не заработувал за живот од фудбалот, туку работел како градежен работник.

Еднаш тргнал да крпи голема дупка во асфалт. И станал жртва на несреќен случај: ваљакот тежок 150 килограми му преминал преку нога.

„Од првин ништо не почувствував. После сфатив колку е лошо. Но во тој момент не се плашев ни за ногата ни за својот живот. На пат до болница изгубил свест. Дури кога дошол при себе после операцијата сфатил што се случило. Дел од ногата му амупитрале по дијагонала. Признал дека тогаш бил свесен и среќен што воопшто останал жив.

Храбриот Марчин Олекси не сакал да го тревожи семејството така што за својата нога се шегувал уште додека бил во болницата.

Му почнал тежок период: Две години во инвалидска количка, му се родил син и постојано мислел како ќе се грижи за семејството. Но токму синот му дал смисла на животот и го вратил на теренот каде е најсреќен.

„Еднаш си ветив на себе, ако имам син, ќе играм фудбал со него. Како порасна, така отидовме на детско игралиште. Ме преплавија емоции. И почнав да барам фудбалска работа.

Една од академиите го викнала Олекси да работи како тренер на млади голмани. И таа работа му се допаднала многу. А подоцна и самиот се вратил на терен: во 2019-та во Познањ го одработил првиот тренинг во клуб за ампутанти. Во 2020-та дебитирал, дури и постигнал гол во фудбал за инвалидизирани лица, но после 20 минути се повредил.

Како што никогаш не се предавал, така ни овојпат. Се опоравил, се вратил и дури стигнал до репрезентацијата на Полска за ампутанти. А сега игра за петтиот тим во земјата, Варта за која и го постигна голот кој го прослави ширум светот.

Секако, Марчин вели и дека адаптацијата како инвалид не била лесна.

„Прво мислиш само негативно. Но со време обрнував внимание на подобро. Успеав да излезам. Во тоа многу големи заслуги имаат жена ми, децата, семејството. Мојот живот можеше да биде полош и тогаш би се жалел, но сега не. Сè се смени на подобро“, вели Марчин во интервју за полски TVP.

Извор: ОфНет