Евгениј да се јави на каса – никој не знае каде е Пригожин договорот со кој се стави крај на бунтот на паравојската „Вагнер“


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Останаа многу прашања без одговор за договорот со кој се стави крај на бунтот на паравоената група Вагнер во Русија и што ќе се случи потоа. Една од работите што не ја знаеме е каде се наоѓа шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин во моментов, јавува Би-Би-Си.

Тој последен пат беше виден во автомобил што го напушта Ростов на Дон доцна во саботата. Силите на Вагнер на еден ден имаа контрола над градот на југот на Русија. Фотографии прикажуваат како Пригожин се фотографира и се ракува со некои од жителите.

Неговата следна дестинација сега треба да биде Белорусија.

Во моментов во југозападна Русија е воспоставена зона за забранети летови, што значи дека најблиските оперативни аеродроми до Ростов се во Волгоград и Сочи, но тие се наоѓаат на околу 400 километри одалеченост. Пригожин теоретски би можел да патува со автомобил или воз, но тоа е долг пат до Белорусија.

Во меѓувреме во Москва остануваат на сили антитерористичките мерки, односно
„режимот на антитерористичка операција“ и покрај тоа што силите на паравоената група Вагнер се повлекоа, по обидот да маршираат до Москва.

Платениците на Вагнер се кренаа на бунт откако нивниот шеф Евгениј Пригожин ги обвини руските воени власти дека извршиле смртоносен напад на неговите сили кои се борат во Украина. По договорот со посредство на белорускиот моќник Александар Лукашенко, Пригожин го запре движењето кон Москва.

И покрај тоа, голем број на полициски патроли се уште се распоредени долж главниот пат што води од Москва до предградијата на југ.

Националниот антитерористички комитет во саботата нареди „режим на антитерористичка операција“ во Москва и нејзиниот регион. Блокирани се клучни делови од автопатот што го поврзува Ростов со Москва, а на патиштата е воведена проверка на идентитетот и возилата.