Понеделничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, понеделник, 26. јуни, во Македонија ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер и дневна температура од 30 Целзиусови степени. Маврово 22, Охрид и Крива Паланка 26, Битола 28, Берово 24, Кавадарци 30, Дојран 32.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 22 до 33 степени.