Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Германскиот автомобилски клуб (ADAC) спроведе студија за да утврди до кој степен употребата на клима уред во возилото влијае на потрошувачката на гориво.
Добрата вест е што благодарение на модерните системи за климатизација, влијанието врз потрошувачката (а со тоа и трошоците) полека се намалува.
Анализата покажала дека потрошувачката во просек се зголемува за 10 до 15 отсто, а големо влијание имаат и условите во кои се вози.
Во градот, на пример, потрошувачката се зголемува за околу 20 отсто, на автопат со просечна брзина од 100 километри на час, потрошувачката се зголемува за околу шест отсто, а максималната потрошувачка, доколку автомобилот е во мирување, е до 70 проценти.
И хрватскиот магазин ХАК пишува дека климата ќе има помало влијание врз потрошувачката доколку климата се користи автоматски наместо сами да ја регулирате температурата и да ја одредувате силата на дувањето.