Живот

Еве што велат експертите: Дали слабото и лошо светло ги „расипува“ очите?

Сигурно повеќепати вашите родители ве опоменале дека не треба да читате во темно, бидејќи на тој начин ќе го расипете видот.

Научниците сметаат дека поради овие навики нема да станете кратковиди ниту ќе дојде до развој на глауком.

Меѓутоа, за време на читањето и работењето при лошото осветлување може да дојде до замор на очите.

Овој проблем се карактеризира со следните симптоми: сувост и иритирање на окото, замаглен вид, потешкотии во фокусирањето на одредени предмети и болка во главата и вратот.

Заморот на очите често се појавува и кај луѓе кои поминуваат доста време пред компијутер.

Advertisements
To Top