Спорт

Еве што побара Меси од Барса за да потпише нов договор!

Иднината на Лионел Меси е главна тема во спортските медиуми веќе подолго време, а причина за тоа е големото одолговлекување околу продолжувањето на неговиот договор со Барселона.

Имено, ѕвездата на Каталонците веќе неколку месеци е во интензивни преговори за продолжување на соработката со Барселона, но никако да стави потпис на новиот договор.

Медиумите постојано шпекулираат со нови услови кои Меси му ги поставува на раководството, а најновиот услов е навистина неверојатен. Имено, Аргентинецот бара пет засилувања во летниот преоден рок и потврда дека тимот значително ќе биде засилен.

Извештаите велат дека Меси како услов за нов договор со Барселона посакува нов десен бек, централен дефанзивец, долгорочна замена за Иниеста, напаѓач и крило кои ќе бидат резервна опција, односно ќе ги освежуваат овие позиции по потреба од клупата.

Токму ова се и клучните позиции кои Барселона сака да ги засили ова лето, а како најголеми желби се споменуваат Хектор Белерин, Марко Верати, Филипе Кутињо, Ди Марија…

Advertisements
To Top