Home Актуелно Еве од којa земја во светски рамки жителите поседуваат најмногу криптовалути

Еве од којa земја во светски рамки жителите поседуваат најмногу криптовалути

Пазарот и вредноста на криптовалутите во минатата 2017 година беа во најголема експанзија и прогрес. Удел во таа прогресија имаа и голем број видни и еминенти имиња од банкарско-берзанската и финансиска бранша кои дадоа поддршка на овој валутен концепт.

Сепак, годинава драстичниот пораст беше заменет со драматичен пад. Лани во декември, еден биткоин се проценуваше на вредност од речиси 20.000 долари. До крајот на јули годинава, цената на дигиталната валута изнесуваше нешто повеќе од 8.000 долари.

Среде август, валутата што потекна од блокчејн-технологијата вредеше околу 6.500 долари, а сега повторно се зголемува.

Општиот пад на вредноста може да поттикне нови инвеститори да влезат на пазарот на криптовалути. Најновите резултати на меѓународното истражување на ИНГ покажуваат дека релативно малку потрошувачи вложиле во биткоинот или во другите виртуелни валути.

Девет отсто од европските потрошувачи изјавиле дека во март годинава поседувале еден вид криптовалута, во споредба со осум отсто во САД и со седум отсто во Австралија. Луксембург и Белгија имаат најмал удел во Европа, додека во Турција 18 отсто од испитаниците рекле дека поседуваат некој вид дигитална валута. Според резултатите, мнозинството испитаници се загрижени за ризиците од инвестирањето во криптовалутите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…