Home Актуелно Еве колку треба да потрошите за да си вратите 500 евра годшно врз основа на повратно ДДВ

Еве колку треба да потрошите за да си вратите 500 евра годшно врз основа на повратно ДДВ

Првиот човек за финансии во Македонија, министерот Драган Тевдовски, според пресметките врз основ на новата мерка за повратен данок на додадена вредност, проектира сума меѓу 60 милиони и 100 милиони евра на годишна основа кои би се вратиле кај граѓаните.

Со мерката се предвидува граѓаните да добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Во пракса тоа би изгледало вак: На секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.

Кога предизборно беше најавена мерката, се говореше дека во секое домаќинство, по основ на поврат на 15 % од ДДВ-то, годишно ќе се вратат до 500 евра.

Пресметките сепак говорат дека за да се „врати“ толкав износ, ќе треба за една година едно семејство да потроши 18.520 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…