Еве кои селфи фотки привлекуваат повеќе „лајкови“ на Инстаграм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Факт е дека сите корисници на социјалната платформа Инстаграм со секоја нова објава се „гладни“ за повеќе „лајкови“ и други реакции од нивните пријатели и следбеници на мрежата.

Оттука, не е лошо да знаете дека постојат неколку ситни, ама ефикасни трикови кои ќе ви помогнат да добиете уште повеќе лајкови на фотографиите кои ги објавувате.

Истражувачите на Универзитетот Роуан во Њу Џерски открилче дека филтрите во објавените селфи фотографии можат да го смалат бројот на лајкови.

„Бројот на лајкови беше помал на селфи фотографиите објавени со филтри како стикери или прекумерна употреба на филтри во боја, во споредба со селфи фотките без такви филтри“, објаснува докторката Сејон Хонг, која го водела истражувањето.

Од друга страна, објавување на фотографии на кои сте на работа или се бавите со некое хоби може да ви помогне во тоа да добиете поголем број лајкови.

„Исто така, селфи сликите кои даваат додатни информации за поединците во облик на социјални знакови, како што се професионален идентитет или социјален статус, работна позиција и слично можат да се сфатат како силна намера за интеракција со другите корисници“, додава таа.

Во студијата истражувачите анализирале 1.873 селфи фотографии. Обраќале внимание на бројот на лајкови, дали се користени филтри и што се наоѓа на фотографијата, пренесува „Мирор“.