Еве како одговори Димитров на навредата од Дачиќ за уставното име


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изрази жалење поради изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, дека Белград направил грешка што ја признал Македонија под уставното име.

„Жалам за изјавата на Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух. Тоа е добро не само за Македонија и за Србија, туку и за целиот регион. Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно“, реагира министерот Димитров.

Дачиќ по средбата во Атина со својот грчки колега Никос Коѕиас, рече дека Србија не постапила коректно кон Грција со тоа што пред 20 години ја признала Македонија.

„Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно спрема Грција, а Скопје секогаш имаше негативен став спрема прашањето за Косово и Метохија. Тие ја признаа независноста на Косово и гласаа за прием на Косово во УНЕСКО“, изјави Дачиќ, додавајќи дека Србија „за разлика од некои други народи, Србија нема територијални претензии кон делови на Грција“.

Ова не е прв пат Дачиќ да даде ваква изјава во врска со признавањето на Македонија. Тој во новогодишното интервју за агенцијата „Бета“ имаше рече дека „биле будали“ што ја признале Македонија.