Home Актуелно ЕУобзервер тврди: Пораките на Туск наидоа на глуви уши во Македонија

ЕУобзервер тврди: Пораките на Туск наидоа на глуви уши во Македонија

Интернет порталот ЕУобзервер објави куса информација за вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Македонија и за неговата средба со претседателот Ѓорге Иванов.

Во информацијата под наслов Апелот на Туск наиде на глуви уши во Македонија, порталот наведува дека Туск на Иванов му рекол дека неговите активности ја одвраќаат земјата од евроатлантскиот пат. Туск, исто така побарал од Иванов да не подгрева тензии по етнички линии.

Според ЕУобзервер, Иванов го блокира опозициските албански партии да се приклучат на коалициската влада, иако има мнозинство. Тој вчера рече дека ништо не се променило и дека коалицијата ќе има штетни последици, додава бриселскиот портал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…