Home Актуелно „ЕУ не е целосна без Косово“ – порача Урсула

„ЕУ не е целосна без Косово“ – порача Урсула

Местото на Косово е во Европската унија и ЕУ е нецелосна без Косово, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференцијата по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Таа рече дека Косово ќе има поддршка на патот кон евроинтеграциите и оцени дека Приштина направила голем напредок и е посветена на европскиот пат. Таа потврди дека се исполнети сите услови за либерализација на визниот режим, а порача дека во тоа мора да се увери и Европскиот совет. „Косово заслужува визна либерализација, знам колку ви е важно. Ги исполнивте сите стандарди. Нашата проценка беше дека тоа треба да се направи во јули. Наша задача е да го убедиме целиот Европски совет. Можете да сметате на нас во Комисијата затоа што ќе направиме се за да ви помогнеме на вашиот пат“, рече фон дер Лајен.

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека посетата на Фон дер Лајен уште еднаш ја потврдува посветеноста на ЕК кон Косово и регионот. Таа рече дека извештајот за напредокот, кој е најдобар за Косово досега, е доказ дека народот на Косово е посветен на европските вредности и владеењето на правото. Османи изрази загриженост за дестабилизирачките акции на Русија и „нејзините сателити во регионот“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…