Се правел мртов 321 ден и го снимал тоа – веднаш му дадоа улога во познатата крими-серија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џош Нали од Кентаки се преправал дека е мртов 321 ден и сето тоа го снимал на TikTok, па така ја остварил својата голема желба – ја добил улогата на мртво тело во серијата CSI: Vegas.

Нали бил навистина упорен и 321 ден по ред објавувал видеа на кои глуми мртов човек, а за една година од неговиот настап постојано станувал сѐ подобар и подобар. Во меѓувреме станал вирален хит, а продуцентите на серијата CSI го забележале и му понудиле животна улога – да глуми мртовец.

Во интервју за „Курир журнал“ тој објаснува дека нема актерско искуство, но со текот на времето научил поубедливо да глуми мртовец.

„Не сакам да зборувам пред камера, но лесно можам да легнам и да се однесувам како да сум мртов. Откако направив повеќе од 300 од овие објави, напредував и станав подобар. Отпрвин можеа да ме видат како дишам или лажирам крв што изгледаше лошо. Престанав да користам крв и станав подобар во задржувањето на здивот“, рече тој.