Home Актуелно Есма Реџепова примена во болница со тешка здравствена состојба

Есма Реџепова примена во болница со тешка здравствена состојба

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова од вчера е во болница во Скопје. Била примена во тешка состоба, а докторите и денес се обидуват да ја стабилизираат, неофицијално дознава и пренесува порталот СакамДаКажам. Нејзините блиски потврдија дека Есма има здравствени проблеми, но се надеваат дека се ќе биде во ред и не сакаат да даваат официјални изјави.

Есма, поради влошена здравствена состојба во болница заврши и пред две години, во декември 2014 кога се пожалила дека ѝ е многу лошо.

Есма е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера. Монографијата е посветена на Есма, на нејзиниот покоен сопруг СтевоТеодосиевски и ансамблот „Теодосиевски“ и на сите генерации музичари што тие ги одгледале.

Годинава Есма имаше бројни настапи меѓу кои“ најистакнати беа оние во Конгресната библиотека и Кенеди центарот во Вашингтон во рамките на турнејата низ САД, а на крајот на август пееше и на хуманитарниот концерт за поплавените во скопско.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…