Home Актуелно Ердоган предупредува: Затворените џамии во Австрија водат кон војна на „полумесечината и крстот“

Ердоган предупредува: Затворените џамии во Австрија водат кон војна на „полумесечината и крстот“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати низа критики до австрискиот канцелар Себастијан Курц поради одлуката на австриската влада да се затворат седум џамии и протерување на шеесетина имами сосе нивните семејства од државата.

Тие мерки на австриската влада предизвикаа бурни реакции од Ердоган кој истакна дека таквите мерки водат кон војна меѓу „крстот и полумесечината““.

„Се плашам дека мерките кои ги презема премиерот на Австрија водат во светот на војна на крстот и полумесечината. Тие изјавија дека ќе ги протераат имамите. Како тоа да се остави без одговор? Нема да седиме со скрстени раце“, порача Ердоган.

Освен истрагата против имамите за кршење на законот за исламот кој предвидува забрана за финансирање од странство, австриската влада донесе и одлука за протерување на 60 имами и членови на нивните семејства. Неколку стотици илјади луѓе во Австрија се со турско потекло.

Една џамија беше затворена поради сомнежи за ширење терористичка пропаганда, а други шест поради ширење салафизам. Расформирано е и здружението Арапска верска заедница која управуваше со спорните салафистички џамии.

„Паралелните општества, политичкиот ислам и радикализацијата немаат место во нашата земја“, изјави Курц.

Турција силно ја критикуваше оваа одлука и потезите ги нарече „расистички“ и „недемократски“.

Одлуката на австриската влада ја поздравија сите политички партии во земјата, но со критика дека е донесена токму во време на рамазан, како и на почетокот на гласањето на турската дијаспора за изборите во Турција.

Извор: Мкд.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…