Епл одбива да им исплати 13 милијарди евра данок на Ирците


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Епл е спремна на правна битка против Европската Унија поради 13 милијарди евра данок колку што според Брисел треба да плати за бенефициите што ги имала во Ирска.

Европската комисија кон крајот на август годинава ги прогласи даночните олеснувања за Епл во Ирска за нелегална државна помош, и бара разликата од 13 милијарди евра да се уплатат во буџетот на таа земја, каде е сместено и европското седиште на американскиот технолошки џин.

Уште во 2014 година Европската комисија ја обвини Ирска за нарушување на меѓународните даночни правила и овозможување Епл да ги заработи десетиците милијарди евра заработка, во замена за зачувување на работните места.

Епл неделава планира да предаде жалба во судот на ЕУ против одлуката со која се бара дополнително плаќање данок.

Ирска исто така се против на одлуката на Европската комисија бидејќи смета дека мора да го заштити својот даночен систем кој овозможува привлекување странски компании и работници во земјата.

Важечките американски закони им овозможуваат на нивните компании заработката да ја чуваат во странство, што се користи за намалување на даночните обврски. Се проценува дека американските мултинационални компании во странство чуваат 2,6 билиони долари.

Според сумата води Епл, кој во моментов надвор од САД, според процените на организацијата Граѓани за даночна правда (Citizens for Tax Justice) има околу 200 милијарди долари.