Елизабета II наводно се спрема да го напушти кралскиот трон – еве што се спрема ако абдицира


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британските медиуми овие денови се распишуваа дека британската кралица Елизабета II ќе абдицира ако наполни 95 години.

Дека Елизабета оди во пензија за три години тврди британскиот автор Роберт Џонсон. Наводно, кралицата го подготвува принцот Чарлс за улогата на принц регент.

Тоа значи дека кралицата ќе се одрече од своите овластувања и обврси и дека истите ќе му ги препушти на Чарлс, освен титулата. Таа и понатаму ќе остане кралица, а Чарлс ќе има овластување на крал под титулата принц регент. Дека во британската монархија такво нешто е возможно сведочи „Актот за регентство“, кој последен пат бил употребен во 19-ти век, за време на владеењето на Џорџ III.

Кралицата и нејзиниот првороден син Чарлс веќе некое време работат на подготовките за неговата нова улога, а тој ионака цел живот се подготвува за улогата на монарх. Чарлс е присутен на сите состаноци кои ги одржува кралицата, а се гледаат и насамо, со цел за три години тој да биде целосно спремен за обврските кои го чекаат.

Принцот Чарлс работи по 14 часа дневно и има околу 600 обврзни настани и ангажмани кои ги исполнува во една година.