Home Спорт Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Турција како играч на Фенербахче

Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Турција како играч на Фенербахче

Големиот македонски фудбалски талент Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Турција како играч на Фенербахче.

Македонскиот репрезентативец од синоќа е во Истанбул, а денес треба да го комплетира трансферот и да стави потпис на договорот со Фенербахче.

„Многу сум среќен што ќе играм за Фенербахче. Тоа ќе биде одлично искуство за мене. Благодарност на мојот досегашен клуб Работнички за се што направи за мене. Сега тргнувам во поинакво искуство“, изјави Елмас.

17-годишниот Елмас беше дел од македонската репрезентација на ЕП за фудбалери до 21 година што во јуни се одржа во Полска, а има и официјален настап за сениорската репрезентација по што се стави крај на шпекулациите околу изборот на неговата репрезентативна иднина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…