ЕЛЕМ за 5 дена потроши 1,9 милиони евра на увоз – потребите се покриени со увезена струја


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 140 евра до фантастични 219,37 евра за мегават час ЕЛЕМ  плаќа за увоз на струја за следните два дена. Новите количини на струја од  7 200 Mwh што ги набави  ЕЛЕМ од увоз за  да се задоволат во целост потребите на домаќинстватa и малите компании тежат над (најмалку) 1 ,2 милиони  евра. Новиот увоз следува откако државните електрани  не успеаа да го покренат блок три од клучниот термоенергетски капацитет РЕК Битола

Техничкиот зафат во термоелектраната Битола 3 на кој од саботата наутро интензивно работеа стручни екипи на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, заврши во текот на вчерашниот ден, и во фазата на синхронизација на електроенергетската мрежа беше детектирано повторно напукнување на цевка во котелскиот сегмент, по што овој капацитет во моментов е надвор од функција. Се очекува повторно да биде оперативен во најкус можен рок, односно за најдоцна 72 часа, велат од АД ЕЛЕМ.

Од Елем уверуваат дека непречено се одвива снабудвањето. Тврдат увозот нема да ја поскапи цената на струјата затоа што имаат пари од пораджбата на електрична енергија што ја извршиле во ноември и декември минатата година

АД ЕЛЕМ нагласува дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што АД ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, минатата година.

Екстремно ниските температури ја зголемуваат потрошувачката на струја, п атака пикот е достигнат во текот на вчерашниот ден кога е регистран раст од 30 проценти на потрошувачката во последните 5 години. Инаку во регионот дел од термоцентралите се надвор од системот, Грција прогласи хаварсика состојба и го забрани извозот и транзитот на струја а намалени се  капацитетите на увоз од централна европа и југоисточна европа. Србија  го намали производството поради стопирањето на ископ на јаглен и го зголеми увозот. Сето ова ги вивна цените на берзите, заедно со повисоката потрошувачка.

Сепак Блок Три кој ЕЛЕМ не успева да го рестарира е неодамна ревитализран, за што се отвара прашањето кој ќе понесе одговорност за состојбата во енергетиката.