Home Актуелно Ел Чека: Или криминалците од ДУИ ќе одат во затвор, или Заев ќе падне – снимките ќе ги дадам на ЦИА

Ел Чека: Или криминалците од ДУИ ќе одат во затвор, или Заев ќе падне – снимките ќе ги дадам на ЦИА

Фејсбук корисникот со псевдоним Ел Чека продолжува „да пука бомби“ на оваа социјална платформа. Денес објави нова серија разговори. Најголем дел од објавените нелегално прислукувани разговори се меѓу функционери на ДУИ. Само утринава, Ел Чека има објавено десетина бомби, а најавува и дека наредниот период ќе продолжи со истото темпо, пренесува Телма.

Во една од објавите пишува дека ќе ги публикува датотеките и снимките што ги има, во консултација со неговиот адвокат, а потоа предупредува дека ќе ги испрати до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. „Или ќе бидат затворени за криминалци, или Заев ќе падне!, пишува утринава објавувачот на новите бомби.

Ел Чека, кој се наоѓа во Чикаго, не го крие својот идентитет, и постојано објавува фотографии од себе. Ел Чека е само негов псевдоним, додека човекот кој ги објавува под овој профил е по потекло од Кичево.

Од МВР велат дека работат на случајот, како и дека побарале, по налог на Обвинителството, да биде избришан профилот на Ел Чека од ФБ. Но, Фејсбук се уште не одговорил на ова барање.

Дали се точни тврдењата на Ел Чека дека прислушкуваните разговори му се од кумнановската група, допрва ќе се истражува. СЈО исто така ќе истражува дали истите ги има и во своите сефови или се работи за дел од они кои не се предадени во СДСМ и потоа во обвинителството. За сега не се знае колку разговори завршиле во рацете на овој човек, но неофицијално се работи за стотици разговори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…