Експресно стигна демант: Модриќ останува само сон за Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа новинарот на „Скај Италија“ Ди Марцио лансираше „бомба“ и пренесен дека Интер започнал преговори за трансфер на Лука Модриќ.

Таа вест експресно се прошири низ сите меидуми во Италија, а и во целиот свет. Иако и самиот новинар истакна дека трансферот е исклучително тежок, сепак потврди дека „нероаѕурите“ стапиле во контакт со агентите на Модриќ и започнале преговори.

Меѓутоа, од Шпанија денес експресно стигна демант. Весникот „Марка“ кој е многу близок со Реал Мадрид потврди дека не постојат никакви шанси Модриќ да замине од „Сантиаго Бернабеу“.

„Вистина е дека ниту Реал, а ниту хрватскиот фудбалер не размислуваат на прекинување на соработката, па токму затоа тој останува само сон за Интер. Најдобриот играч ан СП порача дека до заминувањето во пензија сака да игра во Реал. Од друга страна ниту челниците на клубот нема да прифатат било каква понуда за него“, се вели во текстот на „Марка“.