Home Актуелно Египетскиот суд пресуди 10 смртни казни и над 50 доживотни казни затвор заради дејствија против државата

Египетскиот суд пресуди 10 смртни казни и над 50 доживотни казни затвор заради дејствија против државата

Египетскиот суд осуди 10 лица на смртна казна, а повеќе од 50 на доживотен затвор, под обвинение за поддршка или извршување напади врз безбедносните сили и саботажа на државната инфраструктура.

Британските медиуми јавуваат дека египетското Обвинителство ги поврзало нападите што се случија во Каиро меѓу 2013 и 2015 година со движењето Муслиманско братство, кое сега е забрането во земјата.

Судот испрати барање до египетската врховна власт, Големиот муфтија, да ја одобри егзекуцијата во јануари.

Амнести интернешенел соопшти дека масовното судење, во кое учествуваа повеќе од 200 обвинети, е крајно нефер и повика на укинување на казните.

Муслиманското братство неколкупати победи на изборите во Египет, вклучително и на оние кога нивниот кандидат Мохамед Морси победи на претседателските избори. Една година подоцна, по масовните демонстрации, тој беше соборен со воен удар и ставен во домашен притвор.

Движењето потоа беше забрането во Египет и прогласено за терористичка организација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…