Едноцифрена бројка по подолго време: 7 новозаразени од коронавирус во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според најновите статистички податоци од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа се регистрирани 7 нови случаи на заразени пациенти од коронавирусот од 207 направени теста. Ова е прв пат по подолго време е едноцифена бројката на нови случаи на ковид-19 во земјава.

Седум нови случаи на ковид-19 се регистрирани во земјава во последното деноноќие, што е најмала бројка по подолго време, со оглед на досегашните трендови кога бројките во дневните билтени, главно, беа двоцифрени, а еднаш надминаа е сто. Исто така, бројката на нови излекувани пациенти е околу 3,5 пати поголема од бројката на ново заболени.

Од Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови.

Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје и во Дебар по четворица, во Струмица и во Куманово по еден, во Штип, Прилеп и во Тетово по тројца и петмина во Кочани.

Од седум нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, по два се во Куманово и во Кочани и три во Тетово. Во изминатото деноноќие направени се 207 теста, a досега во земјата се направени вкупно 12 340 тестирања на ковид -19, соопштија од Министерството за здравство.