„Принцезата“ Енди Мареј


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога ќерките ќе решат да те „дотераат“ не можеш да направиш ништо друго, освен да се покориш. Кој има ќерка, сигурно го знае тоа од искуство.

Во таква ситуација е и британскиот тенисер Енди Мареј кој на социјалните мрежи објави интересна фотографија.

Енди им ја исполнил желбата на ќерките и морал да облече здолниште и да стави тијара за да личи на принцеза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andy Murray (@andymurray) on

„Кога ќерките се играат и преправаат и ми велат ’тато облечи сукња‘. Се обидов да им објаснам дека тоа е традиционален шкотски килт, а не сукња здолниште, но тие ме уверија дека тоа дефинитивно е здолниште, напишал Мареј на својот Инстаграм.

Официјалниот Твитер профил на АТП на шега потсети како во килт изгледаше и легендарниот Роџер Федерер.

Сега главното прашање меѓу фановите на тенисот е: На кого подобро му стои?