Home Спорт Едноставно Клоп: Се случија три светски чуда – Брегзит, Трамп и Раниери!

Едноставно Клоп: Се случија три светски чуда – Брегзит, Трамп и Раниери!

Харизматичниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп на многу оригинален начин го опиша отказот на Клаудио Раниери од Лестер.

Денес готово сите менаџери од Премир лигата се солидализираат со Италијанецот, а Клоп вели дека отказот на Раниери е неочекуван и во рангот на две политички случувања од минатата година.

„Дали сум изненаден што вакви работи се случуваат? Не, не сум. Чудни работи се случуваат, како што се Брегзит, победата на Трамп и отказот на Раниери“, истакна Клоп.

Викендов Ливерпул му гостува на Лестер во рамките на Премиер лигата, а Клоп за таа прилика вели:

„Сакаме да ги повториме добрите работи од мечот со Тотенхем. Мора да бидеме агресивни и силни. Доколку дадеме се од себе, Лестер тешко ќе може да ни се спротистави“, истакна Германецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…