Едно лице повредено во пожар на терминал од Фершпед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пожар избувнал утринава кај терминалот на Фершпед кај стариот автопазар во Скопје. Опожарена била кровната конструкција на куќичка која вработените ја користеле како соблекувална, а со изгореници од втор степен се здобил еден од вработените.

Повредениот Ќ.Ш. (54) е пренесен на Клиниката за пластичка хирургија.

Во пожарот опожарени биле и товарно возило Форд и патничко возило Рено, сопственост на фирмата    Алпик Дооел.

Случајот бил пријавен во ЕИК Скопје утринава во 06:45 часот.

Полицијата денеска соопшти дека пожарот најверојатно бил предизвикан од неисправна инсталација. Дел од вработените додека се пресоблекувале слушнале експлозија во помошната просторија, каде чувале косилки и бензин.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.