Една од најактуелните и најомилени пејачки на денешницата со ШОКАНТНА ОДЛУКА: Кети Пери и става крај на кариерата?!

Популарната пејачка, Кети Пери ја шокира музичката јавност со објавата на социјалните мрежи велеји дека планира да и стави крај на својата музичка кариера. Таа својата одлука ја образложи така што вели дека едноставно повеќе нема мотив, сака малку да се опушти и да се оттргне од сцената.

„Сакам да компонирам, сакам да пишувам, но чувствувам дека повеќе не сум дел од оваа игра. Просто немам потреба да се докажувам повеќе. Што се однесува до новите песни, за тоа има време“, истакна Пери.

Пејачката изјави дека поради бројните концерти и турнеи во последните десет години го запоставила семејството и својата одлука ја смета за логична. Таа додаде дека помалку и е жал што порано не се посветила на семејството во таа мера колку што енергијата ја вложила во својата кариера.

„Изминатата година доста работев на душевниот мир, на тоа да пронајдам рамнотежа. Семејството ме поддржува во одлуката“, вели Кети.

Кети е моментално во врска со познатиот актер, Орландо Блум за кого вели дека многу и помогнал во нејзината одлука, и додаде дека последната една година колку што се во врска, ја почувствувала вистинската семејна енергија.