Home Актуелно Една година затвор за активистката за легализација на канабис Моника Ристовска

Една година затвор за активистката за легализација на канабис Моника Ристовска

Моника Ристовска, активистка за легализација на канабисот за лична и медицинска употреба кај нас, денеска е осудена на една година затвор за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, објавува порталот „ЈанакиЗнае.мк“.

„На 10 мај, годинава на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис“, се вели во објавата на „ЈанакиЗнае“.

Минатата година на 10 октомври, во организација на „Билка“, се одржа протест за поддршка на Ристовска пред Основното јавно обвинителство, откако претходно при извршен претрес во нејзиниот дом, била притворена поради поседување 30 мл. масло од коноп и 15 грама коноп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…