Home Актуелно Едмонд Темелко уапсен во Скопје

Едмонд Темелко уапсен во Скопје

Пред десетина минути е уапсен Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец по кого денеска беше распишана централна и меѓународна потерница, пренесува „Фокус“.

Според нивните засега неофицијални информации, Темелко бил пронајден и уапсен во близина на владината зграда во Скопје.

Според процедурата, се очекува Темелко веднаш да биде спроведен во истражниот затвор Скопје, каде што треба да одлежи 30 дневен притвор.

Темелко е еден од осомничените во случајот на СЈО Титаник, кој беше отворен за изборни манипулации. Од Кривичниот суд во текот на вчерашниот ден соопштија дека на Темелко му е изречен 30-дневен притвор, по барање на СЈО, бидејќи како што денеска објасни обвинителката Ленче Ристоска имале сознанија дека Темелко и покрај забраната ја минал границата, односно во неколку наврати ја напуштил државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…