Еден загинат и четворица повредени во железничка несреќа во велешко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во железничката несреќа која се случи кај велешкото село Ногавци, денеска попладне околу 12 часот воз удрил во автомобил, со петмина патници кои најверојатно тргнале на дијализа во велешката болница.

Еден од патниците го загубил животот, а останатите четворица се повредени во несреќата кај железничкиот премин во близина на селото.

Од Службата за Итна медицинска помош при Здравствениот дом Велес за МИА информираа дека е починато 24-годишно момче, а една жена со потешки повреди е пренесена на клиниките во Скопје. Останатите тројца се згрижени во велешката болница.

Несреќата се случила во 12:10 часот кога возилото марка „форд галакси“ со велешки таблички без да ја почитува сигнализацијата навлегло на пругата.

„На патниот правец обезбеден со звучни и светлосни сигнали кои биле исправни, патничко моторно возило без да ја почитува сигнализацијата, навлегло во профилот на пругата и било удрено од товарен воз на патен правец кај селото Ногаевци, Градско“, велат од Македонски железници – Транспорт за МИА