Home Актуелно Еден и пол милион Македонци користат интернет, еден милион од нив активни на Фејсбук

Еден и пол милион Македонци користат интернет, еден милион од нив активни на Фејсбук

Во Македонија интернет користат 1.503.000 луѓе или 72,2 отсто од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија (75,5 проценти) и во Хрватска (74,4 проценти). Зад Македонија се рангирани Црна Гора (69,9 проценти), БиХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) и Бугарија (59,8 проценти).

Во Европа интернет користат 659,6 милиони луѓе, а Фејсбук 343,2 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу се користи во Исланд и во Норвешка, речиси 100 проценти од жителите, а најмалку интернет корисници има во Украина 52,5 проценти.

Според Интернет ворлд стат, во светот има 3,88 милијарди интернет корисници или 51,7 отсто од вкупната светска популација, а 1,7 милијарди луѓе имаат Фејсбук профили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…