Еден од загинатите во терористичкиот напад во Виена е по потекло од струшко Велешта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


21-годишниот Н.В. со потекло од Велешта, струшко, вчеравечер беше убиен во терористичкиот напад кој се случи во центарот на Виена, а кој ја потресе цела Европа.

Според членовите на семејството, во моментот тој бил излезен во кафуле каде бил со пријателите.

Како што веќе потврдија и тамошните власти, во Виена синоќа загина уште едно лице по потекло од Северна Македонија, но, тој беше еден од напаѓачите и беше застрелан од полицијата.