Home Вебкафе Еден бакнеж – триста проблеми во Иран (фото)

Еден бакнеж – триста проблеми во Иран (фото)

Иранската државна телевизија во петокот упати извинување до гледачите затоа што претходниот ден накратко по грешка прикажа пар како се бакнува, објавија локалните медиуми.

Мрежата Насим прикажа млад пар како се бакнуваат неколку секунди додека минуваат пред камера поставена во парк.

Сцената била дел од шоуто на „скриена камера“.

Мрежата се извини за „грешка која е резултат на невнимателноста на продукцискиот тим“, се вели во соопштението објавено од агенцијата Исна.

Во Иран, секој физички контакт меѓу маж и жена е забранет на државната телевизија.

Насим, кој исклучиво произведува забавни емисии, отвори истрага и „ќе преземе цврсти мерки против одговорните за оваа небрежност“, се додава во соопштението.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…