Home Вебкафе Трајно ја избркаа од стадион поради разголување на градите

Трајно ја избркаа од стадион поради разголување на градите

Енид Вонг веројатно не ви значи ништо, ама во виртуелниот свет на петминутната слава кој го дефинира Инстаграм е позната мексиканска инфлуенсерка која ја следат повеќе од 1,5 милиони луѓе, со кои секојдневно споделува провокативни фотографии.

Таа често покажува дека не е особено срамежлива на натпреварите на локалниот фудбалски гигант Тигрес.

Всушност, таа толку бесрамно се однесувала на натпреварите на овој клуб што добила забрана за присуство на нив. Имено, Вонг сакала да ги прославува головите покажувајќи ги голите гради, а бидејќи клубот не можел да ѝ го забрани тоа штом влезе на стадионот, единствената опција била да ѝ забрани да доаѓа.

Како што пишуваат мексиканските медиуми, Вонг е тажна поради тоа, но ќе продолжи да го поддржува својот клуб со разголени фотографии на социјалните мрежи, од кои, според тамошните медиуми, месечно заработува околу 10 илјади евра.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…