Home Актуелно ДЗС призна дека е направена техничка грешка при внесувањето на дел од податоците од пописот

ДЗС призна дека е направена техничка грешка при внесувањето на дел од податоците од пописот

Од Државниот завод за статистика на нивната веб-страница соопштија дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните.

-Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, соопштија од ДЗС.

Од тие причини, како што посочуваат, е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.

-Се извинуваме за направената грешка, соопштија од Државниот Завод за Статистика.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…