Home Актуелно Двојазичните табли со новото име на државата ќе се поставуваат после изборите

Двојазичните табли со новото име на државата ќе се поставуваат после изборите

Институциите и владината зграда двојазични табли со новото име на државата ќе добијат после завршувањето на претстојните претседателски избори. Владиниот ген-сек, Драги Рашковски, изјави дека тоа ќе се реализира после изборите бидејќи не е можно распишување тендери за време на предизборен и изборен процес согласно Иборникот законик.

Тој додаде дека е задоволен од примената на Законот за употреба на јазиците и дека досега институциите речиси и да не правеле опструкции.

Најголема помош, како што рече Рашковски, ќе треба за новоформираната Агенција за спроведување на законот и првите кадровски решенија ќе бидат од Генералниот секретаријат. Тој додаде дека месец и половина од донесувањето на законот се потврдило дека тоа не е вовед во промена на државно уредување, туку се унапредиле правата на заедниците. ,,Законот е на прав пат да го доживее своето светло”, додаде Рашковски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…