Движење за „ослободување на деколтето“: Поради претерано секси фотографии Инстаграм ја исклучи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На заводливата и сексапилна манекенка Еле Џонсон Инстаграм на кратко го исклучи приватниот профил на нивната платформа, а тоа таа го спореди со исфрлање на патник од авионот на United Airlines пред некое време.

Еле не е задоволна на кој начин Инстаграм ги третира моделите и поради тоа се пожали јавно на социјалните мрежи. Некои медиуми веќе ја прозваа како „пресекси за Инстаграм“, но нејзиниот приватен профил на оваа социјална мрежа беше повторно активиран после три дена деактивираност.

Иако е свесна дека нејзините фотки се на работ на пристојноста, таа тврди дека се придржува до правилата. „Чудно, но правилата не дозволуваат само ‘некои фотографии на женски брадавици’. Тоа значи дека другите се ок? Проблем е селективниот пристап, а некои корисници се поеднакви од другите“, се жали таа за Mail Online.

Еле инаку е голема заговорничка на женските права, а самата ја започна кампањата Free The Cleavage, откако чула дека една патничка наводно е исфрлена од авионот на Spirited Airlines бидејќи имала отворено деколте.