Двете лица кои се загинаа под Титов Врв на Шар Планина се пронајдени – едниот планинар починал при падот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од Центарот за управување со кризи известуваат дека двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина, во реонот кај Титов Врв, се пронајдени. Едното од нив паднало од карпа и при падот го загубило животот.

Од страна на раководителот на РЦУК Тетово е известено дека командирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот.

Планинарот кој јавил за настанот утрово во три часот бил пренесен во тетовската болница, заедно со повредениот командир на МВР.

Спасувачките екипи за да го пронајдат планинарот кој паднал во провалија се упатиле од другата страна преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа. За жал, според информации на МКД.мк, тие го пронашле мртвото тело на планинарот.

„На другарот му се слошило и бил во лоша здравствена состојба, па побарал помош итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со полицијата во Тетово. Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде е и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е полесно повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор”, објави ЦУК.

Второто пронајдено лице е починато и истото сè уште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури.