Home Актуелно Двајца скопјани нападнати на булеварот „Јане Сандански“, едниот бил прободен со нож

Двајца скопјани нападнати на булеварот „Јане Сандански“, едниот бил прободен со нож

Вчера во доцните вечерни часови во полиција било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје се забележани две повредени лица, од кои едното прободено со нож.

По интервенција на полицијата, било утврдено дека повредени се двајца скопјани на возраст од 28 години, пренесува „Макфакс“.

Едниот од нив со остар предмет бил прободен во пределот на градниот кош и со возило на брза помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки повреди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…