Home Актуелно Со два гасоводи Русија ќе ја снабдува Кина со гас

Со два гасоводи Русија ќе ја снабдува Кина со гас

Русија ќе почне да ја снабдува Кина преку нов гасовод до крајот на 2019 година. Ова е дел од енергетскиот договор во вредност од 400 милијарди долари меѓу двете земји.

Шефот на Газпром Алексеј Милер во Москва изјави дека испораката на гас преку новиот гасовод Силата на Сибир ќе почне на 20 декември 2019 и оти Москва и Пекинг договараат изградба на нов гасовод на Далечниот Исток.

Русија во 2014 година потпиша 30 годишен договор за снабдување на Кина со гас која е најголемиот пазар на овој енергенс во светот.

Изградбата на Силата на Сибир почна во мај 2014 година и е во должина од 4 илјади километри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…