Home Актуелно ДУИ тврди: Еленовски е наш кадровски предлог

ДУИ тврди: Еленовски е наш кадровски предлог

Откако Лазар Еленовски беше назначен за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел, од ДУИ вчера соопштија дека тој е нивни кадровски предлог.

„Со оглед на објавените информации во јавноста за назначувањето на Лазар Еленовски, би сакале да ја информираме јавноста, дека г-дин Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од партијата ДУИ“, се вели во соопштението од ДУИ.

Од партијата додаваат дека Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…