Home Актуелно ДУИ предложи шест имиња за министерски места

ДУИ предложи шест имиња за министерски места

Демократската унија за интеграција, вечерва на јавноста и ги презентираше нивните предлози за министри во новата влада. Интерно, партијата соопшти шест имиња, кој од наредната недела би можеле да се најдат на Илинденска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред партиското седиште во Мала Речица ги предложи Хазби Лика за вицепремиер за спроведување на рамковен договор, портпаролот на партијата, Бујар Османи е предложен за вицепремиер за евроинтеграции, а пак, Крешник Бектеши е предлог за министер за економија.

Предложени се и Булент Салиу за министер за правда, Садула Дураку – министер за екологија и Рамиз Мерко како министер без ресор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…