ДУИ одбележува 21 година од постоењето – раководството и фракцијата ќе чествуваат на посебни настани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одбележува 21 година од своето основање како политичка партија на македонската измачена и изнасилена политичка сцена.

Но, раководството на партијата и Фракцијата на ДУИ преку писмени соопштенија до медиумите најавија дека денот ќе го одбележат на различни настани, во различни градови во земјава.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и предводникот на Фракцијата на ДУИ, Изет Меџити
Раководството на ДУИ, на чело со лидерот Али Ахмети, организира панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На панел-дебатата на тема „Европски фронт”, меѓу останатите, ќе се обратат и самиот Ахмети, поранешнта министерка за одбрана Радмила Шекеринска, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, ексградоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и други.

„По дебатата, во 14:00 часот, исто така во хотел ‘Александар Палас’, г-дин Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на пригоден коктел по повод 21. роденден на ДУИ“, соопштија од партијата.

Паралелно на овој во Скопје, во 14:00 часот Фракцијата на ДУИ ќе одржи настан во Центарот за култура во Тетово, по повод одбележување на 21-годишнината на ДУИ.

Т.н. „огнена група“ од ДУИ објави дека ќе функционира како Фракција на 6 април годинава.