Home Актуелно Дождлив крај на уште една работна недела

Дождлив крај на уште една работна недела

Нема да имаме некој особена промена на времето ниту во последниот работен ден неделава. Останува облачно, малку ветровито, но со само малку повеќе врнежи во однос на четврток.

Слаб повремен дожд  наутро повеќе ќе има воисточниот крај, а попладне во централниот и дел од западниот крај. На повисоките планини врнежите ќе бидат од слаб снег.

Ниту во температурната состојба нема некои промени. Минималната ќе во дијапазонот од 5 до 9 степени. Максималната температура ја очекуваме помеѓу 10 и 13 степени во поголем дел од котлините, а долж повардарието помеѓу 14 и 16 степени. На повисоките места максималната нема да надмине 8 степени.

Скопскиот крај очекува облачно и ветровито време. Попладне ќе има услови за сосема слаб дожд. Температурата ќе има минимална вредност околу 5, а максимална до 11 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…