Home Актуелно Досудени нови 30 дена притвор за Катица Јанева

Досудени нови 30 дена притвор за Катица Јанева

Со одлука на Кривичниот суд донесена во текот на денешниов ден, на бившата шефица на СЈО и бивша обвинителка, Катица Јанева, ѝ се продолжува притворот за уште 30 дена. Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор и истекува в петок.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП“, се навеедува во соопштението на Кривичниот суд.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…