Home Актуелно Досега 28 лица затруени во сендвичарата „Седмица“

Досега 28 лица затруени во сендвичарата „Седмица“

На Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска се прегледани двајца пациенти затруени со храна од сендвичарницата „Седмица“ во Лептокарија, а стабилна е состојбата на хоспитализираните шест од 26. лица кои завчера и вчера побарале помош откако јаделе во оваа сендвичарница, јавува АлсатМ.

– Прегледаните пациенти од сабајлево не се задржани во болница, а со подобрени симптоми во повлекување се претходно примените шест пациенти, информираат од Клиниката за инфективни болести.

Таму вчера се прегледани 14 пациенти, а само еден е примен на болничко лекување.

Од завчера со симптоми на труење по конзумирање храна од „Седмица“ за преглед на Клиниката се јавиле вкупно 28 лица, од кои тројца се префрлени во ГОБ „8-Ми Септември“.

Сендвичарницата е затворена, а по налог на Санитарната инспекцијата треба да се изврши нејзино темелно чистење, како и дополнителни здравствени прегледи на сите вработени.

Земени се мостри од храната, како и брисеви од работната површина и од вработените. Резултатите од микробиолошките анализи, според најавите, треба да бидат готови утре.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…