Дортмунд остана без бодови, а Геце без заби во Лондон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец Марио Геце долго ќе го памети синоќешниот натпревар против Тотенхем во Лигата на шампиони.

Причината е еден многу незгоден удар кој го доби од дефанзивецот на „спарси“ Јан Вертонген, после што остана без заби.

„Марио има проблем со забите и ќе мора да посети стоматолог. Воопшто не изгледа добро, бидејќи не му се сите заби на место“, изјави тренерот на Борусија, Петер Бош.

Вертонген после тој удар заработи втор жолт картон, но тоа е мала утеха за Геце кој ја загуби насмевката.